Коџобашев: Македонската опозиција провоцира, семејството на Вапцаров е вознемирено

Намерата на претставници на опозицијата во РСМ да учествуваат во отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ в недела во Благоевград за бугарското Министерство за надворешни работи е провокација. Заменик-министерот за надворешни работи (МНР), Костадин Коџабашев, рече и дека семејството на поетот Никола Вапцаров е вознемирено поради користењето на името на поетот за „вакви провокации“, пренесува Бугарското национално радио (БНР).

Коџабашев, одговарајќи им на македонските медиуми поради нивниот интерес за отворањето на клубот, кое го нарече „приватен настан“, посоветува тие да обрнат внимание на реакцијата на семејството на Никола Вапцаров.

„Несомнено остава впечаток интересот на медиумите во соседната држава кон овој приватен настан; ги поттикнуваме да обрнат внимание на реакцијата на семејството на Никола Вапцаров, кое е вознемирено од користењето на името на поетот за вакви провокации. Не дало дозвола за тоа и не еднаш ја истакнувало бугарската самоопределба на поетот“, порача Коџабашев на редовниот брифинг.

Тој рече дека министерството нема практика да коментира „дејствија реализирани од бугарски граѓани на бугарска територија што имаат строго приватен карактер“, но дека интересите на Бугарија се засегнати кога еден таков настан е поттикнуван и поткрепуван од ВМРО-ДПМНЕ и Левица „коишто водат политика против европската интеграција на Република Северна Македонија“, официјално информираше и бугарското МНР.

Инаку, учество во отворањето, покрај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и други членови на таа партија, најавија и од про-руската Левица.

„За нас претставува интерес единствено тоа како еден ваков настан се поттикнува и поткрепува од двете главни опозициски партии во Скопје. Не е тајна дека тие две партии имаат антиевропски ставови и водат политика против европската интеграција на РСМ. Нивните постапки треба да се разгледаат и во поширокиот контекст на интересите на трети земји, насочени против ЕУ и нејзиното проширување“, порача Коџабашев.

Тој рече дека е „очигледен обидот вештачки да се провоцира напнатост меѓу луѓето од двете страни на границата, како и да се одвлекув вниманието на јавноста од праведната борба на Бугарите од РСМ за граѓански права“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …