Кога Фолксваген ќе кивне, Волфсбург се разболува

Кога Фолксваген ќе кивне, Волфсбург се разболува

Првпат во историјата Фолксваген планира затворање погони во Германија и масовни отпуштања. Во Волфсбург, каде речиси сите работат за Фолксваген или нивниот бизнис зависи од концернот, владее страв од пропаѓање на градот.

Дали градот ќе стане музеј?

Успешните години на производство на автомобили во Волфсбург може да се видат во музејот Фолксваген на улицата „Дизел“. Постои голема колекција на олдтајмери, вклучително сите најпопуларни модели на концернот, меѓу кои и „Бубачката“ која од 1938 до 2003 година била произведена над дваесет милиони пати. Или пак минибусот „Були“ на ФВ, кој беше повеќенаменско возило за време на германското економско чудо, а со кој германската „flower-power” генерација од шеесеттите и седумдесеттите го обиколуваше светот.

Секој турист во Волфсбург мора да го посети овој музеј, а секоја година доаѓаат повеќе од 300.000 посетители – најмногу поради ФВ. Таканаречениот Autostadt (автомобилски град) зафаќа 28 хектари. Тој нуди увид во „светот на мобилноста“ и местото каде што повеќе од три милиони возачи ги земале клучевите од својот нов ФВ-автомобил.

Но, во Волфсбург доаѓаат сѐ помалку туристи, вели еден таксист во интервју за ДВ. До пред неколку години, таксистите едвај ги задоволуваа потребите на туристите и деловните луѓе.

Дали е ова знак дека деновите на Волфсбург како европска автомобилска престолнина се одбројани? Дали е можно Фолксваген, кој пред неколку години продаваше најмногу автомобили, да не може да придобие доволно купувачи за своите електрични автомобили, кои наводно се иднината на индустријата?

Таксистот има чувство дека добрите денови во Волфсбург се минато. „Тие времиња се одамна минати“, вели тој, додавајќи дека тој смета оти може „да биде дури и полошо“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Наводната соработка доаѓа во многу деликатно време за односите меѓу САД и Русија, при што нуклеарните соперници …