Кога во Крушево расчистивме со ДПМНЕ, раскрстивме и со криминалот

Кога во Крушево расчистивме со ДПМНЕ, раскрстивме и со криминалот

Пишува: Сотир Габелоски

Сто пати повторена лага станува вистина. Тоа е стратегијата на ДПМНЕ – Крушево, на кое замолчено од проектите кои во низа ги реализира локалната самоуправа, единствено му останува да го прави она што најдобро го знае – да лаже, да ја покажува злобата, неуспешно да го крие својот очај.

„Онлајн активизмот“ на ОК на ДПМНЕ сега доби нова димензија. Откако не им успеаја обидите по секоја основа да им наштетат на крушевчани и да го оцрнат она што се прави, сега започнуваат со серија обвинувања кои немаат никаква врска со реалноста. Граѓаните на општина Крушево ги препознаа манипулативните обиди на ДПМНЕ, кои имаат за цел не да понудат подобро решение за крушевчани, туку да се доберат до власт. Во овој нов обид повторно ќе загубат, затоа што луѓето знаат што е добро, а што не чини.

Во својата безидејност, од ДПМНЕ обвинуваат дека донациите кои што Општината ги добива, не се распоредувале соодветно по домаќинства и граѓани. И не само тоа, туку одат до таму од „ракав“ да нафрлаат некакви „наводи“ за криминал. Тоа е највисокото ниво на очај, што е за очекување со оглед на наближувањето на изборите, а нивната понуда не е препознаена кај граѓаните.

Општина Крушево се покажа исклучително транспарентна во трошењето на парите од буџетот и во користењето и распределбата на сите донации. Секој тендер Општината го објавува на веб страницата и го споделува на социјалните мрежи, каде што комуникацијата со граѓаните е најзастапена. Се означува почетокот на извршување на работите и имплементацијата на проекти. Кога се работи за донации, како што беше донацијата на таблети од компанијата „Еколог“, тие беа доделени на домаќинства и граѓани од социјално ранливите категории, односно според информациите од Центарот за социјални работи во Крушево.

Крушевчани се свесни дека заврши времето на местење тендери, на крадење на пари и неспособно менаџирање со општинскиот буџет. Тоа беа и ќе останат одлики на ОК на ДПМНЕ Крушево, што беше една од причините заради кои ја изгубија власта. Од тие причини, бесмислените обвинувања нема да го постигнат планираниот ефект, бидејќи граѓаните се фокусирани на следење на проектите кои Општината ги имплементира, како и во давањето на идеи и сугестии за дополнително унапредување на работите.

Така што, кога во октомври 2017 во Крушево завршивме со ДПМНЕ, тогаш и раскрстивме со криминалот.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …