• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Кои се судиите кај кои се распределени обвиненијата на СЈО?

      30/6/2017
      Македонија
      Кои се судиите кај кои се распределени обвиненијата на СЈО?

      По обвиненијата што Специјалното јавно обвинителство вчера ги поднесе во Кривичниот суд ќе одлучуваат судии кои веќе судат предмети на СЈО, како и нивни колеги кои работеле или сè уште работат на големи случаи, како „Монструм“, „Сопот“ и „Диво Насеље“.

      Како што информираше Кривичниот суд, случаите „Тарифа“, „ТНТ“ и „Траекторија“ се распределени кај судијките Лидија Петровска и Татјана Михајлова.

      Лидија Петровска, која во јавноста е позната како „сваровски-судијката“, според еден разговор од т.н. „бомби“ што ги објави СДСМ, го суди случајот на СЈО „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски. Нејзе ѝ се падна да го суди и предметот „Транспортер“, во кој првообвинет е градоначалникот на Битола, Владимир Талески. СЈО во февруари оваа година до Советот за утврдување на факти поднесе претставка против Петровска заради нестручно и несовесно вршење на судската функција, а во септември минатата година бараше и нејзино изземање од случајот „Тврдина 2“.

      Татјана Михајлова го суди случајот за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, во јавноста познат како „Шамари“, во кој обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката Даниела Рангелова. Михајлова на едно од рочиштата ги казни Фетаи и специјалната обвинителка Катица Јанева по 2.000 евра, поради неопочитување на судот. СЈО, пак, до Советот за утврдување факти и покренување одговорност за судија, поднесе претставки против Михајлова поради нестручно и несовесно вршење на судската функција.

      Моника Бахчованска, која треба да ги оценува обвиненијата за предметите „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“, го судеше случајот за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, во кој на седумтемина обвинети им пресуди високи казни, од вкупно 30 години затвор.

      Горан Бошевски, од одделението за организиран криминал, кај кого се обвиненијата за случаите „Трезор “ и „ Тенк“, минатата година беше назначен за нов судија за случајот „Сопот“. Инаку, овој случај подолг период го бара Специјалното јавно обвинителство, но Советот на јавни обвинителни сè уште не одлучил дали ќе му го предаде.

      Верка Петковска, која го доби обвинението за „Титаник 2“, во моментов го суди случајот „Диво Насеље“, за настаните во Куманово од 9 и 10 мај 2015 година.

      Ленка Давитковска, кај која е распределен предметот „Топлик“, е судија во случајот против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, обвинет за шпионажа, уцена и за изнуда.

      Ивица Стефановски од 2013 година до декември минатата година му беше заменик на тогашниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Стефановски го судеше случајот „Монструм“, во кој шесттемина обвинети беа осудени на доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро.

      Извор: МЕТА

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Сончево и топло со температура до 42 степена
      Следно
      Сончево и топло со температура до 42 степена
      Кривичниот суд ги доби и ги распредели по судии обвиненијата на СЈО
      Претходно
      Кривичниот суд ги доби и ги распредели по судии обвиненијата на СЈО

      Слично

      • 19/2/2019

        Телефонски разговор Заев - Саливан: Остануваме посветени на прашањата за

        Телефонски разговор Заев – Саливан: Остануваме посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и регионот
        19/2/2019

        Игор Југ се расплака во суд, Дурловски порача - пеење

        Игор Југ се расплака во суд, Дурловски порача – пеење химна не е тероризам
        19/2/2019

        Од 122 седница на Владата на РСМ: Усвоен Предлог закон

        Од 122 седница на Владата на РСМ: Усвоен Предлог закон за Агенција на национална безбедност како замена за УБК, нов Предлог-закон за инспекциски надзор
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА