Кои се трите најголеми бизнис зделки на телохранителите и возачите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ?

Кои се трите најголеми бизнис зделки на телохранителите и возачите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ?

Учеството на телохранителот на Мицкоски во бизнисот со земјиште во делчевскиот регион, не е прв случај кога возачи и лица задолжени за безбедноста на највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ, биле инволвирани во зделки тешки стотици илјади евра, неретко и милиони евра.

Во продолжение, хронолошки, сосема накратко ќе се навратиме на трите најспецифични случаи, во кои покрај високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, биле вклучени и нивните телохранители или возачи.

  1. Во 2001 година, сопственик на 10% од акциите на „Македонска банка“ во вредност од тогашни 3 милиони марки, стана Марјанчо Конески, возач на тогашниот моќник на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Фондот за здравство, Војо Михајловски. Покрај овие двајца, сопственици на банката беа уште тројца нивни сопартијци: Ламбе Арнаудов, директор на Електростопанство и двајцата тогашни пратеници, Делчо Ицков и Борче Сибиновски.

Во 2007 година „Македонска банка“ беше ликвидирана.

  1. Во 2006 година, непосредно пред парламентарните избори, беше формирана фирмата „Аналитико АИ“ која веднаш склучи договор за маркетинг услуги и дистрибуција на СИМ картички, со штотуку приватизираниот Телеком. Основач на фирмата беше Ален Зекиров, телохранителот на Сашо Мијалков, а во неа вработени беа Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер, Елизабета Канческа-Милевска, Александар Бичиклиски, Ленче Самарџиска – секретарка на Груевски…

Во декември следната 2007 година, фирмата „Аналитико АИ“ беше ликвидирана и избришана од единствениот трговски регистар.

  1. Деновиве, повеќемина активисти на ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на подарок парцели земјиште во општина Делчево, кое 2-3 недели подоцна му го препродале на ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ, за сума од 1,6 милиони евра, односно по цени 40 пати повисоки од пазарната вредност. Еден од продавачите на земјиштето е и телохранителот на Мицкоски, Влатко Илиевски, кој со договорот за купопродажба инкасирал 500.000 евра. Покрај него, во скандалозната купопродажба на земјиште учествувал и Игор Гиевски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како и други членови на опозициската партија.

Се’ е исто, само него го нема… формално.

Прочитајте повеќе

Трамп може да се кандидира и од затвор

Трамп може да се кандидира и од затвор

Ова никогаш не се случило во историјата на САД. Идниот кандидат и, можеби, претседател Доналд …