Кој е Роберт Превост - новиот папа Лав Четиринаесетти?

Кој е Роберт Превост – новиот папа Лав Четиринаесетти?

Неговиот избор се смета за компромис – а воедно и за знак на единство. 69-годишниот Роберт Френсис Превост ги комбинира американското потекло, латиноамериканското искуство и лидерското искуство. Така, тој стана консензуален кандидат на кардиналскиот колегиум, кој мораше да ги надмине културните и црковно-политичките разлики.

Од математичар до папа

Роден во 1955 година во Чикаго, САД , во семејство со француско-шпанско-италијански корени, Превост прво студирал математика, а во 1977 година се приклучил на Августинскиот ред на католичката црква. Во 1982 година, тој беше ракоположен за свештеник во Рим, каде што подоцна докторираше по канонско право.

Од средината на 1980-тите години, тој работел како мисионер во Перу, каде што основал парохии и учествувал во обуката на епископи. Во 2015 година, папата Франциско го назначи за бискуп на Чиклајоа, биспупија во северно Перу. За време на политичката криза во таа земја, тој се залагаше за стабилност.

Новиот папа ги поздравува верниците од балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан
Новиот папа ги поздравува верниците од балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Во 2023 година, тој беше назначен за префект на моќната Дикастерија за бискупи – канцеларијата на Ватикан која назначува бискупи низ целиот свет. Тој стана кардинал истата година. И покрај оваа клучна улога, Превост остана повлечен, избегнувајќи ги медиумите. Во црковните кругови, тој е познат како прагматичен и умерен, пишува весникот „Ла Република“ .

Американски папа без национална агенда

Провост го претставува континуитетот на папството на Франциско. Тој се смета за личност која слуша, посредува и сака промени – без поларизација. Тој доаѓа од САД каде што, според податоците на Ватикан за 2024 година, околу 60% од населението било католичко. Но, католичката црква денес расте најдинамично во Африка и во Азија, а не на Запад .

Превост беше особено обликуван од неговото долгогодишно искуство во Латинска Америка. Во Перу, каде што околу две третини од 34-те милиони жители се католиви, Црквата е длабоко вкоренета во општеството и во културата.

Дипломат во сенка на минатото

Во црковните кругови, новиот папа се смета за прагматичен дипломат. Кога „Синодалниот пат“ во Рим во 2023 година предизвика критики, Превост, заедно со државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, посредуваа меѓу епископите од Германија и Ватикан.

Но, неговата кариера носи и товар: тој е обвинет дека за време на неговата служба во Чикаго, а подоцна и во Чиклајоа не реагирал доследно на случаите на сексуална злоупотреба. Превост ги отфрла овие обвинувања, а и епархијата ги негираше.

Зеленото наследство на Франциско

По многу прашања, Превост покажа блискост со покојниот папа Франциско – нешто што им пречи на поконзервативните делови од католичката црква. Тој се смета за умерен реформатор кој не ги напушта фундаменталните црковни учења. Неговата загриженост за животната средина е особено значајна: како и Франциско, тој постојано повикува на решителна акција против климатските промени.

Новиот папа се смета за личност која слуша, посредува и сака промени - без поларизација.
Новиот папа се смета за личност која слуша, посредува и сака промени – без поларизација

Тој е исто така силен застапник на синодалноста: тој постојано ја нагласува потребата од поголема транспарентност и отвореност на Црквата кон гласот на верниците. Ова вклучува зајакнување на улогата на лаиците и промена на стилот на црковно водство – помалку хиерархија, повеќе слушање на верниците.

Во исто време, тој отфрла некои реформи, како што е ракоположувањето на жените за црковни служби . На Синодот во 2023 година, тој предупреди против „клерикализацијата на жените“. Тоа, рече тој, не е решение, туку потенцијален нов извор на проблеми. Тој нагласи дека жените веќе имаат многу клучни улоги во католичката црква

Папата во глобалното поле на тензии

Новиот папа стои помеѓу Северот и Југот, Рим и периферијата. Биографијата на Превост – од Чикаго преку Перу, па сè до врвот во Ватикан – го прави посредник меѓу културите и генерациите. Светот сега со нетрпение очекува како првиот Американец на столот на Свети Петар ќе ја предводи католичката црква.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Каранфилова-Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

Каранфилова-Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

Изјавата на претседателот на Европскиот совет е прецизна и кога станува збор за тоа како …