Кој го советува Мицкоски?

Кој го советува Мицкоски?

Мицкоски потроши ужасно драгоцено време со половина уста да ја убедува јавноста дека ова ВМРО-ДПМНЕ не е она ВМРО-ДПМНЕ. Оваа позиција го остави Мицкоски секогаш да биде на бришан простор.

Колумна на Љупчо Поповски.

Можеби ја знаете онаа фамозна сентенца од чудесниот француски поет Шарл Бодлер: „Најдобриот трик на ѓаволот е да ве убеди дека тој не постои“.

Вмровскиот лидер Христијан Мицкоски во никој случај не е ѓаволот, но отприлика така се конципирани неговите политики од денот кога почна да ја води партијата – да ја убедува јавноста дека она ВМРО-ДПМНЕ што владееше 11 години не постои, а во исто време целата своја стартегија да ја темели врз многу од постулатите од тоа време. Некому тоа му изгледа дијаболично, некој мисли дека партијата нема зошто да се откажува од она што таа го смета за нејзини „најдобри години“ (оној период од 1998 до 2002 година самата партија го избриша како да не постоел), друг пак убедуваат дека Мицкоски и номенклатурата околу него не разбрале дека Македонија во меѓувреме се променила (не само со новото име) и дека на старите пароли и концепции им истекло времето на траење. Одговорот, вообичаено, не е еднозначен. Ниту пак може сериозно да натежне кон една од овие варијации.

Јавноста (а веројатно и многу луѓе внатре во партијата) не успеа да проникне во одговорот на прашањето – кој го советува Христијан Мицкоски да пропушти многу златни шанси да ја стави ВМРО-ДПМНЕ на нова пруга. Одговорот можеби е многу прозаичен – дека главниот советник на Мицкоски е самиот тој (што не би било изненадување, ако тој се сместил во графата на суетни професори). И дека сите совети што доаѓаат од околината одат кон јазот каде што е насочена водата кон само една воденица во партијата. Ако е тоа така, тогаш Мицкоски не го избрал најдобриот советник. Но ако советите доаѓаат од структури, кои „патриотизмот“ го завариле на постаментот на партијата за никој да не може и да не смее да го измести, тогаш на лидерот му направиле сериозна штета.

Мицкоски потроши ужасно драгоцено време, обидувајќи се некако со половина уста да ја убедува јавноста и гласачите дека ова ВМРО-ДПМНЕ не е она ВМРО-ДПМНЕ, а при тоа да не понуди ниеден вистински доказ за ова свое тврдење. Вообичаената реплика (и негова и на другите функционери) – Оставете ги тие прашања, сега ние не сме на власт – им остави еден огромен простор на политичките опоненти на партијата бескрајно и безмилосно да ги повторуваат обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ останало во груевистичкиот шинел и дека од него не сака да излезе, зашто под него му е најтопло. Оваа позиција го остави Мицкоски секогаш да биде на бришан простор – да се бори за повеќе минутажа во интервјуата за да може да зборува за „новите“ политики на партијата. Во многу ситуации тој покажуваше надменост и нестрпливост кон новинарите кои секогаш упорно го прашуваат за наследството на Груевски. Пред некој ден тој на новинарите им изјави дека „времето во оваа држава ќе се мери до денот кога Заев во 21. век стапил на функција и денот кога Заев ја напуштил“. Тоа чисто премолчено прегрнување на годините на Груевски како некакво „златно доба“ за Македонија ја ставаат партијата во многу комплицирана ситуација – раковдството да се присетува со носталгија на режимските години, а од другата страна на брегот да биде голем дел од граѓаните кои не сакаат ни да помислат на враќање на мачните авторитарни времиња.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

    

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …