Кој го советувал Груевски и колку пари земал – Владата објавува детали

Кој го советувал Груевски и колку пари земал – Владата објавува детали

Владата на Република Македонија објавува имиња и презимиња на советниците на поранешниот премиер Никола Груевски како и надоместоците што ги земале за периодот од 2010 до 2016 година.

„Со цел јавноста да може да направи споредба со работењето на претходната Влада, ви ги презентираме трошоците за плати на сите 91 советници и надворешни соработници на поранешниот Претседател на Владата на Никола Груевски кои изнесувале 1,73 милиони евра годишно. Потенцираме дека сумата за плати која била потрошена во тој период е тројно поголема од вкупната сума која оваа Влада ја издвојува за сите советници, посебни советници и надворешни соработници на премиерот“, се вели во соопштението од Владата.

Оттаму велат дека поради обемот на архивирана документација и нестандардното архивирање се уште не се обработени податоците за периодот 2006 – 2010 година за ангажирани лица како советници и соработници на Груевски.

„Само за една година Владата на Никола Груевски за надворешни соработници и советници има потрошено 71,6 милиони денари пари на граѓаните на Република Македонија, меѓу кои биле ангажирани и надворешни соработници со плата од 7.000,00 евра месечно“, се вели во соопштението.

Од Владата велат дека недостасуваат податоци од авторски агенции преку кои биле ангажирани надворешни соработници, поради што оваа бројка од 91 советници и надворешни соработници, не е финална.

Покрај индивидуалните договори за советување поранешниот премиер Никола Груевски има договори за консултантски услуги од меѓународни агенции за застапување, правни консултации, градење на бренд, за менаџирање на углед и слично во 2015 и 2016 година. Се работи за 4 договори со вкупна вредност од 569.000 евра или 34,99 милиони денари.

„Доколку се земат предвид двете суми на годишно ниво финалниот износ кој Владата на Никола Груевски ја има потрошено за советници и соработници на премиерот изнесува 106,64 милиони денари или 1,73 милиони евра паро на граѓаните на Р.Македонија“, се вели во соопштението.

Од Владата даваат и податоци за надоместоците на советниците и надворешните соработници. Марјан Хрибар месечно земал по 2500 евра, Јехоша Шуки Глајтман надворешен соработник има годишен надоместок од 26.000 американски долари, Александар Никовски месечно 3000 евра, Роберт Валтер месечно 7000 евра, Колин Џефери месечно 4000 евра, Џорџ Р. Пери месечно 5000 американски долари. Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил ангажиран со надомест со коефициент 1.8.

Покрај надоместоците, на надворешниот соработник му се обезбедуваат патни трошоци, трошоци за исхрана и хотелско сместување за време на неговиот престој во РМ.

Во продолжение целата листа на советници за кои ги споделивме податоците:

1. Азир Алиу
2. Александар Ѓорѓиев
3. Александар Митов
4. Александар Никовски
5. Ана Блажеска
6. Антонио Пеков
7. Бојан Петровски
8. Бранислав Саркањац
9. Вања Христовска
10. Василка Габер
11. Вера Димитриева
12. Весела Костовска
13. Виктор Михајловски
14. Виктор Новаковски
15. Виолета Марковска
16. Владо Поповски
17. Влатко Илиевски
18. Горан Лазов
19. Горан Мојсовски
20. Горан Торбаков
21. Горан Устијаноски
22. Данче Сотироска
23. Дарко Ангелов
24. Дебора Лакаордова
25. Дејан Бујишиќ
26. Дејан Герасимовски
27. Димитар Самарџиевски
28. Димитар Трифуновски
29. Димче Лазаревски
30. Дино Стеријевиќ
31. Ѓоко Николовски
32. Елена Ивановска
33. Елена Новачка
34. Елизабета Панговска
35. Иван Стојановски
36. Ирена Лесовска
37. Исмет Османи
38. Јана Глигоровска
39. Јасмина Апостолска
40. Јасминка Васкова Ташкова
41. Јордан Поповски
42. Јехошуа Шуки Глајтман
43. Катерина Димовска
44. Кенан Абди
45. Колин Џефри
46. Коче Гаврилов
47. Кристијан Арсов
48. Крсте Маљановски
49. Лазо Трпков
50. Луке Галески
51. Љупчо Ефремов
52. Марија Апостолова
53. Марија Влашчева
54. Марија Ивановска-Гуговска
55. Марија Јакимовска
56. Марина Ефремовска
57. Марјан Хрибар
58. Мартина Антиќ
59. Мартина Тевчева
60. Мери Атанасовски
61. Методиј Хаџи Васков
62. Милош Стокуќа
63. Мирвет Рамадани
64. Мичо Апостолов
65. Наталија Пешиќ
66. Ненад Коцевски
67. Панче Кралев
68. Перо Китановски
69. Огнена Никуљска
70. Роберт Валтер
71. Розета Видоеска
72. Розета Трајан
73. Сања Димитриевска
74. Саша Грујевски
75. Сашо Павлоски
76. Сашо Стефановски
77. Сенко Велинов
78. Славе Веловски
79. Славица Тодорова
80. Слободан Тодоровски
81. Слободан Трчков
82. Соња Тодороска
83. Срѓан Керим
84. Тања Костовска
85. Татјана Арсова
86. Тео Вајгел
87. Тодор Теменуговски
88. Фиданчо Велиновски
89. Христијан Мицковски
90. Христина Костовска Радинска
91. Џорџ Пери

Извор: Слободен печат

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …