Која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток?

Која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток?

Прес конференција на Михаела Иванова од СДММ:

Почитувани граѓани,

Оваа фотографија покажува дека пред вратите на Собранието, на 27-ми април, бил и Христијан Мицковски, актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно се гледа дека Мицкоски ја минал заштитната ограда и се наоѓа непосредно пред влезната врата на Собранието.

Мицковски бил во толпата на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беа загрозени нивните животи и уставниот поредок на Република Македонија.

Која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток?

Дали Мицкоски координирал некои од лицата кои влегоа во Собранието?

Дали Мицкоски вака ги сфаќа демократијата и владеењето на правото?

Дали е ова новата визија или стариот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски е должен да одговори на овие прашања пред јавноста. Граѓаните мора да ја дознаат неговата улога во најтрагичниот настан во поновата историјата на демократијата во Македонија.

Прочитајте повеќе

време облачно студено

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Атмосферските модели и проценки упатуваат на потопло лето. Во јули и во август може да …