Комесарот за проширување Оливер Вархеји, во дводневна посета на нашата држава

Оливер Вархеји, новиот еврокомесар за соседство и проширување, во среда и четврток на 15 и 16 јануари ќе допатува во посета на нашата држава. , дознава МИА од извори од Брисел. За време на неговата прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар, се очекува Вархеји да оствари средби со владини претставници, на кои ќе стане збор за новата методологија за проширување на ЕУ предложена од Франција, како и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

Следниот месец, Европската комисија ќе објави мини-извештај за Северна Македонија и Албанија, а новата методологија се очекува да биде усвоена во март.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …