Комисиите ќе ги прегледуваат одбиените апликации од конкурсот на Министерството за култура

Комисиите ќе ги прегледуваат одбиените апликации од конкурсот на Министерството за култура

По бранот критики изминатата седмица за одлуките по годишните конкурси на Министерството за култура врвни институции, фестивали, уметници да не добијат воопшто пари или да добијат многу помалку од потребните, денеска треба да почнат со работа комисии во министерството што ќе ги разгледаат сите одбиени апликации.

Како што соопшти Министерството за култура, во 10 часот денеска во просториите на министерството почнале со работа сите стручни комисии кои ќе ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година.

„Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета“, се вели во соопштението.

Покрај критиките дека се одбиени или добиле многу помалку пари и такви познати имиња како Скопскиот џез фестивал, а за возврат на тоа се даваат големи износи за релативно непознати културни настани или за слични настани во средините каде бројот на Албанците е доминантен, сепак Министерството за култура не ги поништи конкурсите, туку донесе одлука евентуално да  ја дополни листата на поддржани проекти доколку се утврди дека некој од одбиените бил неоправдано лишен од државни пари.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …