Комисијата го изгласа предлогот на Груевски да му се одземе пратеничкиот мандат

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања го изгласа предлогот, да му биде одземен мандатот на пратеникот во бегство, Никола Груевски, по основ дека е неоправдано отсутен повеќе од шест месеци.

Предлогот беше изгласан со пет гласа „за“, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа. Предлогот треба да се најде на пленарна седница, на која што пратениците треба да ја донесат конечната одлука за одземање на мандатот на Груевски.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешната седница апелираше до пратениците за мандатот на Никола Груевски да постапат според законот и Уставот.

– Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието да постапат согласно законите и Уставот – соопшти ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …