Комисијата за надзор на АНБ ќе расправа за именувањето на директорот Христовски

Комисијата за надзор на АНБ ќе расправа за именувањето на директорот Христовски

Во Собранието денеска (12 ноември) е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

Пратениците на СДСМ го оспоруваат именувањето на директорот на АНБ Бојан Христовски. Сметаат дека Владата не ги почитувала одредбите од законот во кој се пропишани условите за избор на директор на АНБ.

Според нив, Христовски нема соодветно стекнато образование, и е лице кое при реформата не го поминало ветингот заради негова претходна инволвираност во незаконски дејствија на УБК. Дополнително, Христовски, како што се наведува, има лажен сертификат за познавање на странски јазик.

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност ги исполнува условите согласно законот.

Во изјава за медиумите дадена на 27 октомври премиерот ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје прогласија епидемија на западнонилска треска …