Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници на целата држава

Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници на целата држава

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на целата територија, информираше денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Владимир Микиќ.

Тој додаде дека прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење, да се намали бројот на нови инфекции, да се спречат тешките форми на ова заболување.

„Она што беше донесено како мерки во секој Центар на јавно здравје кога се прогласи епидемија, сега важи за целата територија. Тоа значи дека се забранува посета на градинки на сите деца кои што се невакцинирани согласно календарот за имунизација. Сите здравствени работници мора да бидат вакцинирани со две дози на МРП вакцина, како и учениците од медицинските училишта. Таа мерка се спроведува на територијата на Град Скопје, а сега треба низ целата држава. Се забрануваат посетите во болниците, учителите треба да бидат проверени за вакциналниот статус“, рече Микиќ.

Прогласувањето на епидемијата на територијата на целата држава е поради тоа што, од 962 новопријавени случаи на заболени во последната недела, повеќе од 60 отсто биле од другите градови.

„Веќе шест Центри на јавно здравје имаат прогласено епидемија на мали сипаници со вкупно население кое го покрива повеќе од половина односно 55 отсто од територијата, а дополнително други 20 градови имаат регистрирано случаи на мали сипаници“, додаде Микиќ.

Во моментов има повеќе од 70 деца кои се хоспотализирани, 55 на Инфективна клиника, 15 на Клиника за педијатрија, повеќе од седум се во потешка состојба.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …