Комисијата за заразни болести предлага задолжителна вакцинација за вработените во јавниот сектор и за здравствените работници

Комисијата за заразни болести предлага задолжителна вакцинација за вработените во јавниот сектор и за здравствените работници

На денешната прес конференција министерот Венко Филипче најави дека, по анализата на трендовите и бројките поврзани со состојбата со ковид-19, Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со консензус ги донела следните одлуки:

„Сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции, за одење на работно место да мора да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат пцр негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа а ќе биде направен на сопствен трошок, или пак да имаат потврда за прележан ковид-19 не постара од 45 дена, или потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се некои од ретките имунолошки состојби за кои ќе излеземе со листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат”, изјави Филипче.

Тој додаде дека Комисијата препорачала на мерките да се приклучат и приватните компании, за што веќе постојат најави од Сојузот на Стопански комори, од каде стигнало писмо со слични барања, а сето тоа со причина да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

Филипче додаде дека Комисијата препорачува  вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Владата предлага овие мерки да стапат на сила 10 дена од нивното усвојување, за да граѓаните имаат време да се вакцинираат, додека па за здравствените работници, за оние околу 20 до 30 проценти кои не се вакцинирани, тој временски период да се продолжи на 30 дена.

Прочитајте повеќе

Филипче на Сител

Филипче: Додека оперирам специјализантите најмногу учат со мене (ВИДЕО)

Многупати досега д-р Венко Филипче зборувал за поддршката што им ја давал на своите помлади …