Компаниите имаат уште четири дена за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста

Компаниите имаат уште четири дена за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста

Компаниите кои инвестирале за време на пандемијата имаат уште четири дена да аплицираат за финансиска поддршка од државата.
Министерството за економија ги повикува сите компании кои што во текот на 2020 година и покрај пандемијата и економската криза продолжија да работат и да инвестираат во раст и развој на својот бизнис да го искористат последниот рок и да аплицираат на Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД-19 периодот.
Јавниот повик кој што е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на економијата од последиците предизвикани од пандемијата, беше објавен на веб-страната на Министерството за економија на 12 јуни 2020 година и трае до крајот на месецот, односно 31 јули 2020 година.
Досега во архивата на Мнистерството за економија се пристигнати над 300 барања од компании.
Вкупната поддршка од државата за компаниите преку оваа мерка изнесува 20 милиони евра.
На Јавниот повик може да аплицираат компании кои имаат во реализација инвестициски проект, работат во производствени сектори кои се дефинирани како производство, освен оние кои се исклучени од оваа можност согласно Законот за контрола на државна помош , деловни субјекти што вршат дејност трговија, доколку инвестираат во основни средства, вршат дејности од областа на информациско-комуникациски услуги, доколку инвестицијата опфаќа воспоставување на нова организациона единица за технолошки развој, истражување и/или развој на ново софтверско или хардверско решение.
Главната цел на оваа мерка е да се помогнат компаниите кои ќе ги изгубат пазарите за повторно освојување – зголемување на нивната конкурентност, модернизација на процесите, зголемување на продуктивноста со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за опоравување на економијата на земјата, преку реализација на инвестициски проект во пост-ковид периодот од јули до декември 2020 година.
Висината на финансиската поддршка ќе изнесува 25 отсто од реализираната инвестиција според инвестицискиот план што ќе го достави апликантот, но не повеќе од 40.000 евра за компании кои во 2019 година оствариле вкупен приход не повисок од еден милион евра, до 100.000 евра за компании кои имале вкупен приход од еден до 10 милиони евра, до 140.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход од 10 до 50 милиони евра и 200.000 евра за сите компании кои оствариле вкупен приход повеќе од 50 милиони евра во 2019 година.
Компанијата која ќе добие финансиска поддршка има обврска до 31 јануари 2021 година да достави извештај за текот на реализација на инвестицискиот план со докази дека се реализира во рамките на инвестицискиот план за кој е исплатена инвестициската поддршка. Финансиските средства ќе се добијат во моментот кога ќе се аплицира со финансискиот план, а ќе се чека на реализација до крајот на наредната година
Доколку деловниот субјект не успее да ја заврши инвестицијата или не успее да ја докаже минимум 80 отсто од вредноста на инвестицијата треба да ги врати средствата не подоцна од 01 март 2022 година.

Прочитајте повеќе

Компаниите чекаат услови за унгарскиот заем, Владата уште не го потпишала договорот

Компаниите чекаат услови за унгарскиот заем, Владата уште не го потпишала договорот

Домашните компании чекаат какви ќе бидат условите за да ги користат парите од Унгарија. Од …