Компаниите квалификувани за изградба на „Чебрен“ ја посетија локацијата на Црна Река
created by dji camera

Компаниите квалификувани за изградба на „Чебрен“ ја посетија локацијата на Црна Река

Компаниите заинтересирани за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, кои се квалификуваа во првата фаза на јавниот повик, ја посетија локацијата на Црна Река во Мариово каде треба да се гради електраната. Претставниците на компаниите добија можност да извршат извидување на околината, дополнителни мерења и земање примероци од геолошки материјал. Локацијата, информираат од АД ЕСМ, исто така е слободна за посета од страна на квалификуваните понудувачи, за потребите на проценки и подготовки во пресрет на доставувањето на конечните понуди.

„Во најскоро време се очекуваат понудите на деветте компании кои ја поминаа првата фаза на квалификација, а до крајот на септември годинава се очекува да се избере компанијата која ќе биде дел од Јавно-приватно партнерство со АД ЕСМ за изградба на хидроелектраната Чебрен“, велат од оваа компанија и додаваат дека со понудувачите е одржан и состанок на Комисијата, во согласност со тендерската документација и процедурата за избор на најповолен понудувач.

Локацијата на „Чебрен“ се наоѓа во клисурниот дел на Црна Река, оддалечена е 81 километар спротиводно од нејзиното устие во Вардар. Се работи за проект за голема хидроцентрала која треба да обезбедува повеќе од 300 мегавати електрична енергија и да игра клучна улога во намалувањето на зависноста на земјата од увоз на електрична енергија. Проектот е активен повеќе од три децении, во кои беа распишани над десет неуспешни тендери и изработени бројни студии и друга документација.

Прочитајте повеќе

Од ССНМ и ЗНМ бараат објаснување зошто новинари биле повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови

Од ССНМ и ЗНМ бараат објаснување зошто новинари биле повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови

Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси …