Во сабота на 10 јули, со почеток во 20.30 часот, на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи групата „Чалгија саунд систем“. Концертот е во рамките на годишната програма на Центарот за култура за 2021 година, која е поддржана од Министерството за култура.
Групата „Чалгија саунд систем“ е формирана во 2008 година. Групата го негува чалгискиот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми, кои ги изведува доследно и верно на традицијата. Од друга страна, „Чалгија саунд систем“ го зема чалгискиот израз како основа за создавање на современа музика, која е во духот на чалгиската традиција.
Групата има издадено неколку албуми и реализирано голем број концерти.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место