Конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“ ќе се одржи на 31 мај

Фондацијата „Метаморфозис“ на 31 мај 2022 година во Скопје, со почеток од 12 часот, ќе ја одржи конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, посветена на градење мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор. Настанот ќе се случи во хотелот „Панорамика“ и ќе биде во хибриден формат.

„Конференцијата ќе обезбеди платформа за дискусија на чинителите кои работат на развој на демократијата преку борба против дезинформациите и унапредување на слободата на изразување, овозможувајќи нивно вмрежување и споделување искуства. На конференцијата ќе учествуваат претставници на релевантните институции, стручната јавност, граѓанскиот сектор и меѓународната заедница“, се наведува во соопштението на Фондацијата „Метаморфозис“.

Настанот ќе се состои од две работни сесии. На првата ќе бидат претставени и дискутирани резултатите од тековни истражувања за состојбите со цел подобро разбирање на контекстот, додека на втората сесија ќе се дискутира за препораките за наредни чекори на различните општествени чинители, со цел заедничко спротивставување на штетните влијанија насочени против развојот на демократијата и интегративните процеси. Секоја работна сесија ќе се состои од воведен панел со кратки излагања на говорниците и простор за дискусија на сите учесници.

Агендата за настанот може да ја погледнете тука. Настанот ќе се одвива во хибриден формат и ќе биде отворен и за јавноста, а сите заинтересирани учесници можат да се регистрираат на следниот линк.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути

Менталното здравје е грижа за себе, грижа за градење на сопствените капацитети. Она што недостасува …