Конференција за унапредување на родовата еднаквост преку дигитализацијата: Насилството и предрасудите ќе станат минато, иднината ја создаваме заедно

Конференција за унапредување на родовата еднаквост преку дигитализацијата: Насилството и предрасудите ќе станат минато, иднината ја создаваме заедно

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, учествуваше на конференцијата „Жените и дигитализацијата – надминување на бариерите, отворање можности за унапредување на родовата еднаквост“ во организација на Агенциите на Обединетите Нации UN Women и UNDP во Северна Македонија.

Таа се осврна на родовата еднаквост како синоним на демократијата, правото на избор, слободата, определувањето и вклученоста на жените во општествените процеси.

Грковска пред присутните зборуваше за улогата на жените, која е неопходно да стане поенергична и одлучувачка со целосно почитување на човековите права и со искористување на потенцијалот, знаењето и искуството.

Сето ова ќе придонесе жените да станат поодговорни и подобри во содздавањето на заедничкиот свет.

„Дигитализацијата мора да биде процес кој носи напредок на сите полиња. И тоа е една од причините поради која од септември минатата година го предводам Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, чија основна цел е планирање, координирање и реализација на активностите потребни за дигитализација на процесите, како и ефикасно справување со предизвиците што ги носи“, говореше Грковска.

Инаку, Советот беше формиран на предлог на вицепремиерката со цел дигиталната трансформација да биде сеопфатна, не само заради исполнување на владината стратешка цел за модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која дава квалитетни и брзи услуги, туку заради тоа што дигитализацијата е директно поврзана и со другите владини цели, како што е економскиот раст, повисокиот стандард, поквалитетно образование, владеење на правото и транспарентноста на институциите.

Дигитализацијата може многу да помогне во подобрување на состојбите, како што се новите можности за поголемо учество на жените на пазарот на труд. Тоа значи нивно зајакнување, но тоа влијае и на севкупниот економски развој и животниот стандард.

Ако ги имаме предвид податоците кои говорат дека жените се соочуваат со родови бариери и дискриминација и во пристапот до услуги, иновативните решенија на ова поле може да донесат голема промена и подобрување.

„Важно е што во пресрет на 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, зборуваме за нешта кои што содржат реални и остварливи, позитивни перспективи за жените. Очекувам дека наскоро насилството, прекршувањата на правата, стигмата и предрасудите кон жените ќе станат теми од минатото, а иднината ќе ја планираат и градат заедно и рамноправно и жените и мажите“, беше пораката на Грковска.

Прочитајте повеќе

PR UltiMATH - Натпревар по математика

Награда од 10.000 евра во кеш: Започнува најголемиот математички натпревар за средношколци UltiMATH

За средношколците што сакаат да се натпреваруваат и да ги поместуваат границите на своето знаење, …