Конгрес на САД: Потврдена изборната победа на Трамп

Конгрес на САД: Потврдена изборната победа на Трамп

Членовите на Претставничкиот дом и Сенатот официјално го прогласија Трамп за новоизбран претседател на САД. Камала Харис ја водеше хармоничната сесија, како контраст на случувањата на 6 јануари пред четири години.

Членовите на двата дома на американскиот Конгрес се собраа под силно обезбедување, во услови на снежна бура, за легално да ги потврдат резултатите од општите избори, но по настаните од 6 јануари 2020 година, кога поддржувачите на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, останува фактот дека кандидатот, кој тогаш се обиде да ги поништи резултатите од изборите, сега легитимно се враќа на власт по победата на актуелните избори.

Американската потпретседателка Камала Харис претседаваше со церемонијата и прочита како гласале електорите во американските сојузни држави. Токму таа загуби од Трамп, како претседателски кандидат на Демократската партија.

Откако ги прочита резултатите, во салата се слушнаа аплаузи. Прво републиканците му аплаудираа на Трамп, а потоа демократите ѝ аплаудираа на Камала Харис. Новоизбраниот американски потпретседател Џеј Ди Венс им се придружи на своите колеги како поранешен сенатор.

Целиот процес помина брзо и без нереди, и сѐ беше завршено за половина час.

Повеќеслојна црна ограда е подигната околу комплексот на американскиот Капитол Хил во Вашингтон – одраз на највисоко ниво на национална безбедност – како потсетување на она што се случи пред четири години кога Трамп ги повика своите поддржувачи „жестоко да се борат“, по што следеше најопасниот напад на седиштето на американската демократија во последните 200 години.

Токму потпретседателката на САД, Камала Харис  која загуби на изборите од Трамп, претседаваше со церемонијата во Капитолот
Токму потпретседателката на САД, Камала Харис која загуби на изборите од Трамп, претседаваше со церемонијата во Капитолот

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 …