По повод 75-годишнината од постоењето на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, а со цел да ги поддржи творештвото и креативноста и збогати роднокрајната поставка, објавува

КОНКУРС

за избор на најдобри песни

Ги покануваме сите поети од општина Прилеп, да учествуваат на конкурсот со свои песни, согласно со утврдените критериуми на стручната комисија:

1) Творбите да бидат авторски/оригинални и не објавени досега.

2) Должината на творбата да биде до 40 стихови.

3) Творбата да биде испратена во електронска форма, потпишана со име и презиме на авторот, работена во Word, Times New Roman, фонт 12, кирилична поддршка.

4) Секој автор има право на учество со најмногу две свои творби.

5) Темата и мотивите се слободен избор на авторот.

* Творбите треба да бидат испратени најдоцна до 10.12.2020 на овој мејл: [email protected]

Стручна комисија ќе ги разгледа песните и ќе изврши избор на најдобрите песни, кои што веднаш потоа ќе бидат публикувани во „Зборник на песни од прилепски автори“.

Промоцијата на „Зборникот на песни од прилепски автори“ со оглед на пандемијата, ќе биде одложена за неколку месеци, (како и сите други активности поврзани со големиот јубилеј), кога временските услови ќе дозволат еден ваков настан да се одржи на отворено.

Драги наши поети, ве очекуваме!

 

ЈОУ ГБ „Борка Талески“- Прилеп