краток хорор расказ

Конкурс за краток хорор расказ за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќ на вештерките“, кој се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“ трета година по ред објавува Конкурс за краток хорор расказ. Годинава, конкурсот се одвива во соработка со Книжевниот центар „Антолог“.

Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 16 до 29 години.

Трудовите треба да бидат ваши и оригинални, односно не смеат да бидат преземени или копирани од веќе објавени приказни во каков било вид домашни или странски медиуми. Во расказите треба да доминираат морничави и мистериозни случувања во кои се опишува натприродното, необјаснивото и непознатото.

Расказите не треба да бидат подолги од 100 реда (три страници во Word документ, напишани со фонт Arial и големина на фонт 14). Расказите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик.

Кратките раскази се испраќаат на адресата info@meta.mk со назнака „Конкурс за краток хорор расказ“ најдоцна до 28 октомври, петок, до 12:00 часот напладне.

Во пораката наведете ваши податоци – име, презиме, возраст, контакт телефон, како и псевдоним под кој би сакале да биде објавен расказот.

Нема ограничување во однос на бројот на раскази што еден учесник може да ги испрати, а еден автор може да биде добитник само на една награда.

Кратките раскази ќе ги оценува комисија составена од новинари и уредници во Новинската агенција „Мета.мк“ и Книжевниот центар „Антолог“. Наградените раскази ќе бидат одбрани според морничавоста на темата, но и оригиналноста, како и правилното користење на македонскиот литературен јазик.

Авторите на трите најдобри и најстрашни раскази ќе добијат ваучери за книги и тоа:

Прва награда – ваучер во износ од 2.000 денари;

Втора награда – ваучер во износ од 1.000 денари;

Трета награда – ваучер во износ од 500 денари.

Резултатите од Конкурсот и трите победнички раскази ќе бидат објавени на 31 октомври, понеделник, на интернет-страницата и на каналите на „Мета.мк“ на социјалните мрежи.

Организаторите на конкурсот го задржуваат правото да ги објават и останатите раскази во договор со авторите.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филхармонија

В четврток концерт „Светлина“ во Филхармонија

За првпат во Македонија, Станко Мадиќ ќе го изведе концертот за виолина и оркестар број …