Утре, петок 26 октомври со почеток во 19.00 часот, во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ Прилеп, пијано рецитал ќе одржи Арда Мустафаоглу, пијанист од Скопје, кој за првпат ќе се претстави пред прилепската публика.
На концертот кој с одржува во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“, ќе бидат изведени следните дела:
- Scarlatti – Sonata in C sharp minor K. 247
- Scarlatti sonata in D minor K. 9
- Scarlatti – Sonata in D minor K. 1
- Scarlatti Sonata in D minor K141
- Ravel – Alborada del gracioso
- Schumann – Wehmuth
- Prokofiev sonata No. 7 2ndand 3rd movement
Арда Мустафаоглу е добитник на многу награди на интернационални натпревари во Белгија, Турција, Италија, Германија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција и Македонија, како и на повеќе интернет натпревари.
Иако има само 16 години, тој има бројни рецитали и настапи во Ахен, Бон, Дурен, Хамелбург, Касел (Германија), Мантова и Венеција (Италија), Анталија и Истанбул (Турција), Атина (Грција), Модане и Париз (Франција), Перник и Софија (Бугарија), Скопје, Штип и Велес (Македонија), Сремска Митровица и Врање (Србија).