Коронавирус: Рекорден број жртви во Италија, Германија ги контролира границите

Коронавирус: Рекорден број жртви во Италија, Германија ги контролира границите

Во Италија денеска беше евидентиран најголемиот број жртви од коронавирусот во едно деноноќие. Германија одлучи повторно да воведе контроли на границите кон пет соседни држави.

Бројот на жртви од Ковид-19 во Италија во изминативе 24 часа порасна за 368 лица на вкупно 1.809 жртви од почетокот на пандемијата. Властите предупредуваат дека полека се јавува недостаток од болнички легла и механички машини за дишење.

Ватикан денеска ги откажа велигденските прослави кои требаше да започнат на 5 април. Гувернерот на регионот Ломбардија Атилио Фонтана вели дека состојбата во неговиот регион се влошува.

„Блиску сме до точката по која повеќе нема да бидете во состојба да реанимираме пациенти затоа што ќе немаме болнички легла“, вели Фонтана. Во Ломбардија во моментов има 13.272 евидентирани инфекции, а 767 лица се на интензивна нега.
„Ни требаат тие машини кои докторите ги користат за вентилирање на белите дробови, вештачки респиратори кои за жал не можеме да ги најдеме“, вели Фонтана.

Во Милано и во околните градови недостасуваат и заштитни маски, но благодарение на помошта од Кина и од Европската комисија, се очекуваат над 5 милиони маски да пристигнат во земјата.

Премиерот Ѓузепе Конте вели дека се преземаат сите мерки за олеснување на состојбата. Владата планира нови кризни мерки со кои ќе им овозможува на родителите да останат дома и да земаат плата, како и помош за самовработените. Се планира и суспензија на исплатата на рати за хипотеки на домовите кон банките.

Во поголемиот дел од Европа се воведуваат карантини, се затвораат граници и објекти. Во Шпанија во карантин се четири области во регионот на Каталонија, а во Австрија две во Тирол.

Германија денеска воведе контроли на своите граници кон Франција, Австрија, Данска, Луксембург и Швајцарија. Со тоа де-факто се суспендира Шенген системот. Патниците ќе се пропуштаат на границите, но притоа ќе бидат контролирани. Во Германија досега има 4.838 заболени од коронавирус и 12 жртви.
„Коронавирусот се шири брзо и агресивно и се уште не го достигнал врвот“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Ураганот „Милтон“ стигна на Флорида (Видео)

Ураганот „Милтон“ стигна на Флорида (Видео)

Ураганот Милтон го погоди западниот брег на Флорида. Невремето се заканува да предизвика огромно уништување. …