Коронавирусот уништи сто милиони работни места

Коронавирусот уништи сто милиони работни места

Пазарот на труд ќе се опорави од Ковид-пандемијата дури во 2023 година – загубата на работни места доведе до уназадување од пет години, констатира нов извештај на ОН. Милиони луѓе се доведени до сиромаштија.

Корона-кризата дејствува разорувачки врз пазарите на трудот, констатираат ОН. Во тековнава година пандемијата предизвика губење на сто милиони работни места, соопшти Меѓународната организација за труд вчера во Женева. Според зборовите на нејзиниот генерален директор Гај Рајдер, во оваа година од невработеност ќе бидат засегнати 220 милиони лица, во 2022 година ќе бидат уништени дополнителни 26 милиони работни места, со што во светот од невработеност ќе бидат погодени вкупно 205 милиони луѓе. Во 2019 година, последната година пред пандемијата, глобално невработени биле 187 милиони лица.

Рајдер истакна дека попогодени од загубата на работни места се жените, како и помладите луѓе, чиј почеток на работниот век се пролонгира поради пандемијата.

Опоравувањето на пазарите на труд ќе оди различно во одделни региони, од една страна поради тоа што не насекаде во светот се врши вакцинирање со иста брзина, а од друга страна – сиромашните земји не се во состојба да организираат големи пакети за поттик на конјуктурата.

Доколку пандемијата не се влоши, во втората половина од годинава ќе дојде до подобрување на пазарите на труд, но тоа нема да биде доволно за да се компензираат загубите на работни места дури ни во идната 2022 година. Опоравување на пазарите на труд се очекува дури во 2023 година.

Покрај оние кои ќе се враќаат на работа по пандемијата, секоја година во потрагата по работно место се приклучуваат милиони млади луѓе.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …