Корупцијата и судството, приоритети на новата американска амбасадорка во Македонија

Корупцијата и судството, приоритети на новата американска амбасадорка во Македонија

Судски реформи, борба против корупцијата подобрување на владеењето на правото, зајакнување на инвестициската клима, градење отпор на малигни надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина, се дел од приоритетите на новата амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер.

Пред Сенатската комисија за надворешни работи на САД, таа изјави дека ќе ги охрабри судските реформи и ќе ги повика институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата, за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето.

„Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија, која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери. Како амбасадорка, ќе работам на поддршка на економската иднина на Северна Македонија, преку политики за зајакнување на нејзината инвестициска клима, зајакнување на инфраструктурата, подобрување на енергијата, различноста и безбедноста и на градење отпор на малигни надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина“, изјави новата амбасадорка на САД во нашата држава, Анџела Прајс Агелер.

Прочитајте повеќе

Еврокомесарот за одбрана предупредува на руски напад

Еврокомесарот за одбрана предупредува на руски напад

„Се складираат безброј тенкови и секако се прашувам: Зошто Русија го прави ова?“, вели новиот …