Костадинов: Мицкоски фатен во нова лага, Енерготек во конзорциумот што добивал бизниси од владата на Груевски има 99% удел

Костадинов: Мицкоски фатен во нова лага, Енерготек во конзорциумот што добивал бизниси од владата на Груевски има 99% удел

Прес конференција на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата:

Почитувани граѓани,

Излегoa на површина шемите на антизападниот пион Христијан Мицкоски со неговиот ментор, со носителот на криминалот и режимот,Никола Груевски.

Конзорциумот „Минка – Енерготек“ во кој удел има Христијан Хидро Мицкоски од владата на носителот на криминалот Груевски добил согласност за користење на вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали.

Во 2015 година, кога Мицкоски бил советник кај неговиот ментор Груевски, конзорциумот во кој удел има Мицкоски, токму од Владата на Груевски добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.

Хидро Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ повторно се фатени во лага.

Но, очигледно, ниту антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, не знае каде се и колку точно удел има Мицкоски во компании и конзорциуми кои добиле тендер од владата на Никола Груевски.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ првично тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје.

Пред неколку денови, истото тоа антизападно раководство тврдеше дека Хидро Мицкоски имал удел од 7 отсто во сосема друга фирма -„Енергомонт“.

Вчера, раководството на ВМРО-ДПМНЕ пак тврди дека Хидро Мицкоски имал удел од 7 отсто во фирмата „Минка-Енерготек“.

Денеска пред јавноста го презентираме вистинскиот процент на удел на антизападниот Мицкоски.

Конзорциумот „Минка-Енерготек“ е составен од компанијата Енерготек ДОО Скопје во која удел има Мицкоски и компанијата Минка ДА ДОО Струмица.

Во првичната сопственичка структура на конзорциумот, 60 отсто од уделите ѝ припаѓале на Минка ДА ДОО Струмица, а 40 отсто на компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје во која удел има Мицкоски.

Но, во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек“ била направена промена на сопственичката структура, со пренос на уделите.

Со таквиот пренос, „Енерготек ДОО Скопје“ на Мицкоски во конзорциумот „Минка-Енерготек“ има удел од 99 отсто, додека Минка-ДА ДОО Струмица има удел од само 1 (еден) отсто.

Ова е вистината. Мицкоски и антизападното раководство треба да им се извинат на граѓаните.

Останува фактот дека Мицкоски е ист како Никола Груевски и затоа ги следи погубните политики на неговиот ментор.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …