Костадинов: Мицкоски потврдува дека ги брани криминалните политики на Груевски

Костадинов: Мицкоски потврдува дека ги брани криминалните политики на Груевски

Одговор на новинарско прашање на Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ:

Прашање: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ве обвинува за Југохром дека се одложува нејзиното отворање како и рестартирање на фабриката со нови пумпи за прочистување на воздухот, како го коментирате тој пост на Христијан Мицкоски, и што ќе се направи во иднина со Југохром?

Одговор: Со таквите изјави, Мицкоски потврдува дека останува единствениот бранител на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и неговите криминални политики.

Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ со години ги лажеше граѓаните во целиот полошки регион дека ќе им го реши на проблемот со Југохром, но за жал тоа не се случи.

За разлика од нив, оваа нова Влада предводена од СДСМ се заложува и се заложи да го реши проблемот со Југохром.

Со задоволство јас можам да констатирам дека проблемот со Југохром е решен и со тоа го решаваме и проблемот на работниците, со тоа допринесуваме и за целокупната економија во државата и секако за зачувување на животната средина.

Добро ви е познато дека рестартирањето на Југохром ќе значи обезбедување на сигурни плати за многу граѓани и секако обезбедување на стабилен доход за многу семејства токму во Јегуновце и во целиот тој регион.

Она што треба да го имаме во предвид е дека рестартирањето на Југохром ќе учествува со 1% во бруто домашниот производ и тоа не е за потценување, а секако со изградбата на новата филтерската постројка го решаваме и проблемот со загадувањето на животната средина.

Прочитајте повеќе

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи …