Костадинов: Најавите за бојкот на претседателските избори се потврда дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка

Костадинов: Најавите за бојкот на претседателските избори се потврда дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка

Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник:

Најавата на антизападното ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на претседателските избори е потврда дека Христијан Мицкоски знае дека нема поддршка кај граѓаните и бара алиби за изборниот пораз што го чека.

Очаен е антизападниот Мицкоски, целосно загубен во неуспехот на неговото деструктивно антизападно делување.

Тој, Груевски, Иванов и Бачев не успеаја да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО, беа поразени од граѓаните.

Се обиде со некакви протести и собири, ги најавуваше за секоја среда и секоја недела, виде дека нема поддршка од граѓаните, ги откажа ненадејно.

Му се приклучи на Јанко Бачев и се сведе на негов портпарол. Не успеа. Нивните заеднички собири на кои се сееше омраза, раздор помеѓу граѓаните, невистини и антизападни пароли, граѓаните ги отфрлија.

Сега, соочен со сопствената неспособност и неуспехот на антизападните политики Мицкоски е во нови обиди за деструкција, условувања, блокади.

Ниту една идеја, предлог, програма, план за доброто на граѓаните и државата не слушнавме од антизападниот Мицкоски.

Мицкоски и неговите црнила како и деструкциите на неговата партија немаат поддршка од граѓаните.

Наместо условувања за бојкотирање на избори Мицкоски нека се подготвува за пораз на следните избори какви и да се.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов ниту пак нов Груевски.

Македонија тргна напред. Граѓаните се одлучија за напредок и интеграција во НАТО и ЕУ.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …