Изјава за медиуми на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата:
Почитувани,
Врвот на ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски пред целата јавност мора да докаже дали навистина е за ЕУ и НАТО или најважна од се им е амнестијата на Никола Груевски.
Над 600.000 граѓани јасно се определија за иднина во ЕУ и НАТО. Колку и тоа да не му се допаѓа на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, волјата на граѓаните мора да биде почитувана.
Пратениците на ВМРО ДПМНМЕ мора да ја следат волјата на граѓаните. Мора да се вклучат во процесите што обезбедуваат членство во ЕУ и НАТО.
Наместо преку нелогични барања да се обидуваат да добијат амнестија за Груевски, Мицкоски, раководството и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја почитуваат и спроведат мнозинската волја изразена на референдумот.
Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи да се однесува неодговорно и продолжи да ја блокира иднината, ќе мора да има предвремени избори.
Ако Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжат да ја носат Македонија во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе одлучат за иднината.
Време е ВМРО-ДПМНЕ да се оттргне од матрицата на Груевски и да ја почитува волјата на над 600.000 граѓани кои се определија за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет.