Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, кај работниците, во семејствата.
Во 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата во последните девет години!
Просечната нето плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 денари, што е зголемување за над 8 проценти во однос на декември во 2017 година.
Само за една година просечната плата е поголема за речиси две илјади денари!
Реалните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати.
Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, новите и добро платени работни места.
Оваа година продолжуваат зголемувањата на платите во сите сектори. Повеќе средства се одвоени за активните мерки за вработување, за поддршката за домашните и странски инвестиции.
Овие мерки и реални економски политики се добра основа за натамошен раст на платите, со крајна цел просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.
Почитувани,
Пред граѓаните презедовме одговорност да испорачаме сериозни резултати во економијата, реформите и интеграциите. Тоа го остваруваме, време е граѓаните да ги почувствуваат очекуваните резултати.
Напредокот во евроинтеграциите, членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни текови, се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните.