Костадинов: Сиљановска не знае колку војници има Армијата, а сака да биде Врховен командант

Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник:

Гордана Сиљановска покажа дека не си го познава народот, бега од граѓаните, не ја почитува ниту јавноста, ниту новинарите.

Покрај ова, Сиљановска покажува дека не ги познава клучните прашања под директна надлежност на Претседателот на државата.

Сиљановска сака да стане врховен командант на вооружените сили, а не го знае бројот на војници во Армијата.

Крајно неодговорно, несериозно и големо незнење на тема директно поврзана со безбедноста на државата.

Северна Македонија не смее да си дозволи да има врховен командант на војската кој нема основни познавања, клучни за безбедноста.

Недозволиво е некој кој сака да биде врховен командант да не знае со колкава армија располага.

Таквото непознавање може негативно да влијае врз безбедноста на државата и нејзините граѓани.

Сиљановска не е достојна да ја извршува функцијата за која се кандидира.

Затоа, во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај граѓаните ќе одберат вистински Претседател, вистински врховен командант на кого армијата и македонските војници ќе му бидат во фокусот.

Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за вистински Претседател на државата и врховен командант на Армијата.

Прочитајте повеќе

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Каевски: Пред Мицкоски е одлуката, да ја поддржи европската иднина или да го следи патот на Груевски

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ Почитувани граѓани, По 17 години чекање, нашата …