Костадинов: Со новото законско решение се отвора пазарот за струја, цената нема да се зголеми

Интегрален текст од денешната прес конференција на Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ и коалицијата:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Ги заштитуваме интересите на граѓаните и обезбедуваме стабилна енергетска иднина на државата.

Парламентарното мнозинство, на вчерашната собраниска седница, го изгласа новиот Закон за енергетика -клучен за спроведување на енергетските реформи во Македонија.

Новото законско решение обезбедува конкурентност во енергетиката и можност граѓаните на слободен пазар да одберат од кој снабдувач ќе се снабдуваат со енергенси.

Се враќа одземеното основно човеково право -правото на избор. Отворањето на пазарот ќе значи можност за избор, а со тоа и поконкурентни цени.

Дополнително, создаваме услови цената на струјата да не се зголеми, со примена на одредбите од овој закон.

Низ годините наназад, Владата на ВМРО-ДПМНЕ со серија погрешни чекори ја покачи за 100% цената на струјата и ја укина евтината тарифа.

СДСМ и мнозинството што го предводи создаде услови, ја вратиме евтината тарифа на струјата а сега создаваме услови да не се зголеми цената на струјата. Тоа е трајна придобивка за граѓаните и значи повеќе пари кај нив.

Со подзаконските акти, конечно ќе го решиме и долгогодишниот проблем на граѓаните кои се исклучени од парно, а се уште мора да плаќаат.

За оние кои нема да се одлучат да излезат на пазарот на јавен тендер, ќе се избере универзален снабдувач, кој ќе има договор од пет години. Регулирано ќе биде само користењето на инфраструктурата, гасоводите,  далековидите и дистрибутивната мрежа.

Со овој Закон се елиминираат и конфликтот на интереси, како и заканата од санкции за земјава, заради неспроведувањето на третиот енергетски пакет од европската легислатива.

Само да потсетам, на Македонија и се закануваа санкции од Советот на министри за санкции, бидејќи поранешната влада не го испочитува рокот до почетокот на 2015 година да го имплементира третиот енергетски пакет, односно да го либерализира пазарот.

Со усвојувањето на овој Закон елиминирани се двете тужби што беа поднесени против Македонија, поради непочитување на обврските од Договорот за воспоставување на Енергетска заедница.

Законот обезбедува и отворање на циклус инвестиции во енергетиката којашто е иднина за сите.

Овој Закон е резултат на европското искуство во енергетиката, усогласен е со Енергетската заедница и со европските директиви од областа на енергетиката.

СДСМ ги остварува ветените мерки, коишто значат повеќе пари кај граѓаните, економски развој, напредок и приближување до стандардите на Европската унија.

 

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …