Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ останува во одбрана на криминалот, Мицкоски останува пион во рацете на Груевски

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ останува во одбрана на криминалот, Мицкоски останува пион во рацете на Груевски

Изјава за медиуми на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник:

Лицемерниот Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, повторно, по којзнае кој пат, го бранеа осудениот криминалец Никола Груевски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за мандатно имунитетни прашања не гласаа за одземање на мадатот на Никола Груевски.

Се потврди она што цело време го говориме, Христијан Мицкоски е само пион во рацете на Груевски.

Граѓаните видоа, Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не си ги почитуваат ниту сопствените одлуки. А не поминаа ниту 24 часа.

Ова покажува дека одлуките на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго туку лицемерни одлуки кои во суштина се сведуваат само на лажни вести.

Во намерата да го одбранат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска тврдеа дека бегството од кривична одговорност на Груевски е оправдано отсуство. Наместо да повикаат на правда, отслужување на казната и да ги почитуваат законите.

ВМРО ДПМНЕ наместо на интересите на граѓаните и државата единствено е посветена на заштита на криминалот на Никола Груевски.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема ништо ново, бегалецот Никола Груевски од Будимпешта ја контролира партијата, дава насоки и вистински управува со неа.

На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните, која ќе се бори за правда и нема да брани криминал.

Заглавена во матрицата на Никола Груевски, ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е полоша од кога било.

Ги охрабруваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро да размислат, да се охрабрат и да се оградат од криминалната матрица на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, и на пленарната седница која и претстои да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …