Костадинов: Законот за Јавно обвинителство е за вистинска правна држава

Костадинов: Законот за Јавно обвинителство е за вистинска правна држава

Одговори на новинарски прашања на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата:

П1: Околу договорот за Законот за ЈО, односно за одредбите за Законот за СЈО со ВМРО ДПМНЕ

– Од она што го слушнавме од работните групи дека нема никакво поместување во ставовите, знаете дека позицијата на СДСМ е јасна, недвосмислена и принципиелна, тоа значи дека нема да биде променлива, затоа што тоа е во согласност со препораките од ЕУ, а тоа е обезбедување на вистинска правна држава. За жал најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, не го поддржува целиот тој процес водејќи се од нивните основни принципи, а тоа е амнестија за криминалите на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

П2: Што ќе правите доколку не се постигне договор со ВМРО ДПМНЕ?

– Си има Собраниска процедура кадешто пратениците одлучуваат согласно нивното сопствено убедување, јас верувам дека сите мои колеги во Собранието како пратеници имаат навистина искрени намери да воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија стане пракса. Тоа ние треба да го покажеме.

П3: Имате ли почнато разговори со пратениците за да го добиете она мнозинство што ви требаше и за Уставните промени? 

– Како одговорна партија СДСМ дава шанса на дијалогот, ред е да разговараме со најголемата опозициска партија, ќе видиме каков ќе биде епилогот од тие средби, да потоа едноставно целиот тој разговор помине во Собранието.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …