Костадиновска-Стојчевска: Владата ги скрати парите за пациентите со ретки болести за 180 милиони денари со што ги загрози нивните животи

Костадиновска-Стојчевска: Владата ги скрати парите за пациентите со ретки болести за 180 милиони денари со што ги загрози нивните животи

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на вчерашната собраниска седница упати прашање до министерот за здравство, Азир Алиу, кое се однесуваше на кратењето на буџетот за Програмата за ретки болести за 180 милиони денари, или за околу 3 милиони евра.

Во своето обраќање Костадиновска-Стојчевска рече:

Бројот на пациенти со ретки болести расте, а буџетот се намалува. Средствата за програмата за ретки болести се намалени за 180 милиони денари, околу 3 милиони евра. Тоа се огромни пари.

За државната каса тоа можеби е само бројка. За пациентите – тоа е терапија што може да доцни, лек што може да недостига и неизвесност што секојдневно го нагризува нивното здравје.

Лекарите дополнително предупредуваат дека процедурите за набавка на одредени лекови се долги и макотрпни, а во многу случаи пациентот нема време за чекање.

Регистарот за ретки болести брои 1093 пациенти, од кои 260 се починати, а 180 со цистична фиброза добиле посебно финансирање надвор од програмата.

Од вкупно евидентираните, 240 се деца до 14 години. Многумина од нив со години чекале точна дијагноза, минувајќи низ погрешни третмани, скапи испитувања и психолошки исцрпувачка неизвесност.

Ако правото на здравје е универзално, тогаш мора да важи и за оние чија болест е ретка. Зашто ако е ретка дијагнозата, ретко скапоцен е и човечкиот живот.

Државата не може да им гарантира третман на овие пациенти со вакви буџетски кратења и директно ги загрозува. Ова е неправда.

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …