„За неполни осум месеци се гледа дека доживуваме крах на полето на економијата. Цените вртоглаво растат, платите стагнираат, не растат, дури се заговара да не растат понатаму, а животниот стандард на граѓаните драстично паѓа. Кукавички е што не прават ништо за да го спречат ценовниот шок, и тоа што Мицкоски се иззема себе си од процесот на преговори за покачување на минимална плата сакајќи да ги остави сами синдикатите и работодавачите сами да договараат“, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Трилинг“.
„Мицкоски не е лидер на опозиција туку е премиер и негова обврска е тој да се стави во процесите на медијатор и впрочем да покаже политичка волја дека навистина се грижи за граѓаните и за тоа граѓаните да имаат повисоки плати“, додаде таа.
Костова нагласи дека се гледа дпмнеовската мартица на привилегирање на само неколкутемина коишто се во непосредниот периметар на Мицкоски, се забележува дека продолжуваат онаму каде што застанале во 2016 година.
„Обезбедувањето на пристојни услови за живот на граѓаните се уназадува, а се враќа дпмнеовската елита од којашто сé ќе зависи – тие да ги држат граѓаните во финансиски и економски клинч, за да можат полесно да управуваат со нив“, потенцираше потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.