Ковачевски

Ковачевски: Честит 1 мај! – Им оддавам огромно признание на сите работници во земјата, во Владата имаат искрен сојузник

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски им го честиташе Денот на трудот – 1 Mај, на сите работници и работнички во земјата.

Во неговата празнична порака, премиерот Ковачевски истакнува дека тие во него и во Владата имаат сојузник за секое прашање и дека заедно со работниците и синдикатите ќе бидат надминати сите предизвици.

„Работниците се движечката сила на економијата и општествениот развој. Затоа оваа Влада и јас како премиер го препознаваме и вреднуваме нивниот труд.

Меѓународниот ден на трудот годинава го славиме во услови на глобална економско-енергетска криза. И покрај сите предизвици, останавме посветени на подобрување на условите за работа и зголемување на платите на работниците.

Уште во првите три недели од работата на новата Влада дојдовме до историското зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Со Сојузот на синдикатите на Македонија започнавме дијалог за постигнување на нов општ колективен договор за јавниот сектор. Со него ќе се овозможи континуиран раст на платите според критериуми кои заеднички ќе ги утврдиме.

Недела неработен ден е уште еден исчекор кон унапредување работничките права и социјалната правда. Овој закон е потврда дека грижата и поддршката за работниците е приоритет на Владата.

Јас секогаш сум бил и ќе бидам на страната на работниците, тие во мене и оваа Влада имаат сојузник за секое прашање и секој проблем заеднички ќе го решаваме. Има уште многу работа на ова поле, но заедно со работниците и синдикатите ќе ги надминеме сите предизвици.

Во мое име, и во име на Владата, им оддавам огромно признание на сите работници во земјата.“

Прочитајте повеќе

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе …