Ковачевски: Делата на СДСМ потврдуваат дека сме носители на еднаквоста

Во своето обраќање на осмомартивскиот марш во Прилеп. претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски посочи дека мерките и политиките на СДСМ низ годините, потврдуваат дека оваа партија е носител на еднаквоста во македонското општество.

„Првиот закон за еднакви можности е донесен во време на Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.мЗа прв пат семејното насилство се уреди во посебен дел во Законот за семејство, во време кога СДСМ ја предводеше Владата, во 2004-та година.

Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, што го донесовме во 2021-та година, воспоставува целосен и координиран систем за спречување, заштита и борба против насилство врз жените, вклучувајќи го и семејното насилство и е усогласен со Истанбулската конвенција, што земјава ја ратификуваше во 2018 година.

Со измените на Законот за работни односи од 2015 година, е пропишана еднаква плата за жените и мажите. Со Законот за минимална плата, што го донесовме во 2017 година, за првпат минималната плата е изедначена за работниците во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со другите гранки – меѓу нив најголем процент од вработените се жени.

Со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесен во 2018 година, е пропишана еднаква застапеност на жените во органите за донесување одлуки во медиумите и забрана за создавање и емитување програми со дискриминаторска содржина.

Во 2019 година е донесен Законот за прекинување на бременоста, со цел да се спречи загрозувањето на здравјето и благосостојбата на жените.

Значителен напредок е постигнат лани, со усвојувањето на новиот Закон за Буџетот, со којшто за прв пат е превидено вклучување родови индикатори, а родовата еднаквост е меѓу главните принципи на Буџетот, во делот на планирањето и извршувањето буџетски приливи и одливи.

Во Парламентот, во текот на минатата година, е усвоена и втората Национална стратегија за родова еднаквост 2022-2027 година, во којашто се дефинираат стратешките приоритети на државата по однос на родовата еднаквост и еднаквите можности“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски посочи и дека СДСМ како одговорна, државотоврна партија ќе продолжи со реализација на мерки и политики што обезбедуваат целосна родова еднаквост.

Прочитајте повеќе

Средба Џафери – Зеленски во Тирана, потпишана заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина (видео)

Претседателот на Владата, Талат Џафери, во рамки на работната посета на Република Албанија, се сретна …