Ковачевски-Едштадлер: Северна Македонија доверлив партнер и идна членка на ЕУ

Ковачевски-Едштадлер: Северна Македонија доверлив партнер и идна членка на ЕУ

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски оствари средба со Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролин Едштадлер во рамки на работната посета во Австрија.

На состанокот присуствуваа и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, како и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Ковачевски и Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји кое се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

На состанокот беше потенцирано дека Северна Македонија и Западен Балкан се високо на агендата на Европската Унија и нејзините земји членки, и дека Австрија останува верен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од регионот, стартот на пристапните преговори и почетокот на скринингот се уште една потврда за напредокот на нашата земја во евроинтегративниот процес.

На состанокот се дискутираше и за безбедносната криза предизвикана од конфликтот во Украина, на што беше акцентирана потребата од натамошно обединување и заедничко дејствување за осигурување на мирот, стабилноста, безбедноста и демократијата и воопшто иднината на Европа.

На состанокот се дискутираше и за натамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји со оглед на тоа што Австрија е еден од најголемите инвеститори во земјава со преку 45 компании присутни на пазарот. Дополнително, трговската размена е во континуиран раст и минатата година достигна 200 милиони евра со што е забележан раст во однос на 2020 година кога трговската размена оствари вредност од 176 милиони евра.

Прочитајте повеќе

Притисок за да функционира државата

Притисок за да функционира државата

Од стотици регистрирани граѓански или невладини организации, здруженија, фондациии, малку се оние кои  чиј „збор …