Ковачевски: Евроинтеграциите не може да се предмет на дневна политика

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител рече дека од обврските што земјата ги има кон Европската Унија во интеграцискиот процес, не може и не смее да се прави дневна политика и да бидат предмет на уцена.

„Целосно зачленување во Европската Унија на нашата држава како и секоја друга држава, треба да донесе одредени одлуки кој што се однесуваат на исполнување на критериумите предвидени од ЕУ како и обврските од  преговарачката рамка, која што е усвоена  со заклучоци од страна на македонското собрание со мнозинство гласови.

Од тие обврски не може да се прави дневна политика, бидејќи ние и до крајот на зачленувањето ќе имаме уште одлуки кој што ќе треба да се носат со две третини во Собранието, реформи на јавната администрација, реформа на децентрализација, реформа на судскиот систем, реформа на обвинителскиот систем тоа се реформи кој се носат со две третини, тие двотретински реформи не можат да бидат предмет на уцена, тие се предмет на стратешка определба на државата исто како што биле и во други држави кој што пристапувале во ЕУ“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека само треба да се погледне на пример какви одлуки Хрватска носеше за да влезе во ЕУ, потенцирајќи дека тие не беа предмет на дневна политика како што дел од нашите опозициони парти односно, опозиционите партии сакат да ги направат.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …