Ковачевски: Хибридната каридохируршка сала е голем исчекор за нашето здравство од што најголем бенефит имаат пациентите

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска ја посети Универзитетската Клиника за кардиохирургија каде започнаа да се извршуваат хируршки интервенции во хибридна операциона сала, што е голем исчекор во следењето на медицинските трендови и медицината базирана на докази.

Премиерот во рамки на посетата даде изјава за медимите, која ја пренесуваме во целост.

„Денеска правиме еден голем успешен исчекор во следење на современите медицински трендови, што само говори за нашата сериозност како Влада дека во наш фокус е зајакнување на јавното здравство, инвестирање во човечки ресурси, модернизирање на болниците.

Во центар на здравствените реформи секако се пациентите, тие заслужуваат најдобар, најсовремен, болнички третман, навремено лекување и рана дијагностика.

На Универзитетската Клиника за кардиохирургија, кардиохирурзите започнаа да работата во хибридна операциона сала, за што денеска и сите сме собрани овде.

Јас имав можност да ја видам оваа хибрдина операциона сала, навистина се работи за најсовремена опрема, техника каде што се работи со најсовремени методи и благодарение на тоа нашите пациенти ќе добијат и услуга каква што се добива во западно европските држави.

Јас утрово, го посетив пациентот на кој вчера му беа извршени интервенции, во хибридната сала и тој се чувствува добро, набрзо ќе замине дома и многу брзо ќе се врати на неговото секојдневие.

Хибридната операциона сала овозможува хирургија со малку компликации, брз опоравок, кратка рехабилитација, таканаречена минимално инвазивна хирургија.

Ваквите процедури, покрај медицинската оправданост секогаш се преферираат од страна на пациентот. На тој начин тој побрзо се враќа на секојдневниот живот и во истовреме клиниката троши помалку средства во неговата рехабилитација.

Со оваа хибридна кардио-васкуларна сала, како држава имаме можност да направиме многу голем исчекор во следењето на медицинските трендови и медицината базирана на докази, а најголемиот бенефит од овој проект, го имаат пациентите.

Нивното задоволство е мерило на се она што како Влада, како Министерство за здравство и како Клиника се залагаме да го реалзираме.

Здравјето на нашите граѓани е најважно, ништо не е повредно од тоа и затоа ништо нема да не поколеба да останеме посветени да овозможиме да најсовремени услови за лекување.

Тимот на хирурзи, лекари, целокупниот медицински персонал, овде во овој Универзитетски центар-Клиниката за Кардиохирургија, досега во многу наврати не направиле нас горди и среќни со нивната стручна експертиза, посветеност во работата, заштитата на пациентите, грижата за нив и овде до мене стојат доктори практично кои што се и одликувани со благодарници од страна на Владата за трансплантациите на срце кои што ги правеа во минатото заедно со нивните колеги.

Среде корона-кризата, на оваа Клиника се испиша историја за македонското здравство, се направи првата кадаверична трансплантација на срце, во земјата  односно трансплантација од починат донор. Сега со новата хибридна операциона сала јас верувам во многу успешни операции и многу задоволни пацинети во иднина.

Како Влада имаме одговорност да се грижиме за пациентите и за здравствените работници и ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Бевме сведоци во текот на изминатиот период кога беа инсталирани голем број апарати, современа опрема за дијагностика во операциони сали а со цел зголемување на нивото на здравствените услуги во државата и подобри услови за лекарите.

Во минатото беа зголемени и платите на лекарите, во делот на нивната основна плата, во делот на дежурствата, во текот на изминатиот период беше потпишан и анекс на договорот со синдикатот, со што се зголемија до 3.000 денари и платите на медицинскиот персонал којшто работи тука во нашето јавно здравство и со тоа од ден во ден обезбедуваме подобри услови за нашите и здрав.работници меѓутоа и за пацинетите.

Во текот на минатата недела беше пуштена и нова електронска платформа каде што секој пациент може да ги гледа своите здрав.податоци што ја олеснува работата и на здрав.работници меѓутоа и на пациентите. Сето тоа е нешто што ќе продолжи и во иднина.

Јас сакам на крај да се заблагодарам на честа што ми ја направија колегите од клиниката за кардиохирургија да бидам првиот којшто ќе ја види оваа хибрдина операциона сала.

Им посакувам многу успех на докторите во нејзиното користење. И како што се вели, што помалку да се користи тоа подобро.“

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …