Ковачевски: Концептот кој јас го застапувам е концепт на почитувани македонски граѓани во Европа, со заштитен јазик и идентитет

Ковачевски: Концептот кој јас го застапувам е концепт на почитувани македонски граѓани во Европа, со заштитен јазик и идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски во своето денешно обраќање до пратениците во  Собранието, каде го елаборираше предлогот Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа, истакна дека врвен приоритет на Владата е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Како што посочи, Владата го негува концептот на почитувани македонски граѓани во Европа, кои седат со кренати глави на големата маса во Брисел, чиј глас, на чист македонски јазик, се слуша и се уважува при заедничките, европски одлуки.

„Другиот концепт, кон којшто за прв пат отворено покажа и Брисел во овогодинешниот Извештај за напредокот на земјава, е концептот на блокади, за коишто е сведок целата јавност, а посебно вие овде во Парламентот. Тоа е концепт за изолирани граѓани, седнати на мала маса, дома, чиј глас никој не го слуша, ниту пак може од таа позиција нешто да смени – концепт на виртуелна и непостоечка, наводна гордост. Го почувствувавме сите и долги 11 години на режимот, не така одамна, неговиот мрак. Мојот, нашиот владини концепт е јасен и чист, бидејќи носи перспективна, европска иднина за сите граѓани и за државата“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој  јасен концепт, како што истакна, ни овозможува и денес да се справуваме со актуелните предизвици од војната во Украина, енергетската и економската криза, заедно со соседите и со државите членки на Европската Унија.

„Кажавме и „не“ кога требаше и „да“ кога требаше и денес седиме на европската маса и ги адресираме лично предизвиците со коишто се соочуваме како резултат на глобалната криза. Во тек е скрининг процесот со ЕУ, по преговорите што ги отворивме со Унијата во јули годинава“, порача Ковачевски.

Премиерот истакна дека идниот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов ќе ја добие довербата на пратениците и е подготвен да работи според концептот зад којшто стојат и сите други министри во актуелната Влада и мнозинството граѓани во државата.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …