Ковачевски: Ме напаѓа кодош, шпион и дезертер од АРМ, затоа што работам чесно и за граѓаните

Ковачевски: Ме напаѓа кодош, шпион и дезертер од АРМ, затоа што работам чесно и за граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница:

И видете, кој човек говори за војска, за неспособност и за манипулации?

Човек кој додека бил во АРМ кодошел, крадел документи, навредувал колешки и колеги, издавал информации, тргувал со нив со разни интерни и странски структури! Човек кој бил казнуван и санкциониран!

Човек кој ми го спомнува мојот драг покоен роднина кој го заврши својот живот заради трагичната и прерана загуба на своите најмили, своите две деца! Бог да ги прости.

Човек кој што му бил колега, којшто го споменува и бил именуван од Пауновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Човек кој ја срамел Армијата, работел против својата држава за пари и за интереси на странски и домашни разузнавачко-бизнис структури!

И затоа не е случајно што тој дезертираше од АРМ по нашиот влез во НАТО, затоа што нема да добие ни пропусница за влез во зграда, а камоли безбедносен сертификат! Бидејќи во АРМ како дел од НАТО нема место за кодоши!

Почитувани граѓани, знаете што е дефиниција, што е прототип на дезертер?

Е тоа е човекот што тука платен со народни пари збореше пред мене!

Дезертер кој ја посрамотил униформата, ја погазил свечената воена заклетва, му ги симнале аполетите и облекол сако за да во Белата Палата го прави она што очигледно најдобро го знае да го прави!

Да кодоши, да пљука и по мртви и по живи, и да прави пари кодошејќи ја својата држава, Армија и граѓани!

Тоа е мизерија! Беда! Срамота!

За таа движечка мизерија и дезертерски кодош секој кажан збор повеќе е потрошено време! Мислам дека за него е итно потребна конзилиарна медицинска проверка!

На крај, уште само накратко!

Во 2001-та година, јас бев во Македонија, и во Скопје, но и во Куманово, и му помагав на мојот татко, градоначалникот од СДСМ, на моите сограѓани кумановци, како да се смират тензиите, како кумановчани да добијат вода, како да заврши конфликтот со Рамковниот Договор!

Јас не избегав од државата. Напротив, останав тука.

А екипата на ДПМНЕ фаќаше кривини по грчките плажи и профитираше правејќи воен криминал!

И денес 20 години подоцна, јас во првите редови се борам за државата, за граѓаните!

Од сабајле до вечер! За повисоки плати, за повисоки пензии, за најниска цена на струјата во регионот, за намалување на инфлацијата, за безбедност, за здравје, за ред и поредок!

Е затоа им сметам, драги граѓани на оваа криминална структура овде, на овој дезертер и срам за АРМ!

Затоа што работам вредно, затоа што сум чесен, затоа што како Влада имаме успеси!

Затоа што од авион се гледа разликата помеѓу нас(покажува на десно) и тие од криминалното ДПМНЕ!

Конечно, АРМ се спасила што овој човек, дезертер и кодош, го нема повеќе во своите редови!

Се прочистила од овој срам и мизерија од човек!

На следните парламентарни избори, за среќа, убеден сум, и Собранието ќе се исчисти и прочисти од него и таквите како него!

Почитувани граѓани, бидете спокојни, државата е во сигурни и цврсти раце!

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …