Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како дел од својата програма со активности за време на Преспа форумот за дијалог, денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

На средбата, на која присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, стана збор за геополитичките предизвици што ги донесе руската агресија на Украина, поради што забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ стана врвно прашање од највисок приоритет, вклучително со зајакнување на отпорноста на регионот од влијанијата на трети страни.

Премиерот Ковачевски на средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, истакна дека Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите и врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година.

Ковачевски и Мишел на средбата разговараа и за учеството на Република Северна Македонија во повеќе регионални проекти поддржани од ЕУ, особено во делот на соработката во енергетиката како што е интерконекторот за гас со Грција, гасната централа во Александропулос и гасното поврзување со Србија и Косово, кои се поддржани од средства од Економскиот инвестициски план на ЕУ.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараа и за придобивките од иницијативата Отворен Балкан за воспоставување на заеднички и поврзан регионален пазар врз основа на четирите слободи на ЕУ за непречен проток на луѓе, капитал, стоки и услуги, како значајни чекори за имплементација на стандардите на ЕУ.

Во однос на воената агресија на Русија во Украина, премиерот Ковачевски посочи дека Северна Македонија, како земја членка на НАТО, целосно ја усогласи својата политики со Алијансата и со ЕУ, ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската Унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партер на европските држави, земји членки на ЕУ.

Прочитајте повеќе

Со шринкфлација и скимпфлација против владината одлука

Со шринкфлација и скимпфлација против владината одлука

Појавата не е ендемска. И во земјите од ЕУ се бараат мерки за спречување на …