Ковачевски: Опозицијата во Собранието итно да го деблокира законот за тутунарите

Ковачевски: Опозицијата во Собранието итно да го деблокира законот за тутунарите

За време на вчерашната посета на Прилеп, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за субвенциите за тутунарите, рече дека средствата во буџетот се обезбедени и дека останува, како и секоја година, со измена во законот да се обезбеди нивната исплата.

„Таа измена во законот им ја олеснува постапката на примателите на субвенции, односно производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци, со цел да се олесни исплатата и техничкото поднесувањето на барањата за субвенции. Како и секоја година, станува збор за техничка измена која што Собранието веднаш ја одобрува, но до овој момент на Комисијата за земјоделство тој закон не го става на дневен ред“, истакна Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека тој од собраниската говорница побара од пратениците веднаш да го стават законот на дневен ред, но со оглед на тоа дека Комисијата за земјоделство се води од пратеник од опозицијата, односно претседател на една од коалиционите партии на ВМРО – ДПМНЕ, законот сеуште не се става на комисиска седница.

„И само од тука можете да видите дека опозицијата блокира закони кои што значат подобар живот на граѓаните, а овде токму за тоа се работи, бидејќи се обезбедуваат субвенции за производителите на тутун. Уште еднаш ја користам можноста да повикам веднаш да се закаже седница на Комисијата за земјоделство и таа техничка измена на законот за неколку часа да биде изгласана, за да можат производителите на тутун веднаш да ги добијат субвенциите“, нагласи претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …