Ковачевски-Пленковиќ: Силна поддршка од Република Хрватска за членство на Македонија во ЕУ, пријателството и соработката се продлабочуваат

Ковачевски-Пленковиќ: Силна поддршка од Република Хрватска за членство на Македонија во ЕУ, пријателството и соработката се продлабочуваат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој денеска е во официјална посета на земјава, одржаа тет-а-тет средба, на која разговараа за повеќе прашања од интерес на двете земји.

На средбата меѓу Ковачевски-Пленковиќ беше оценето дека взаемната соработка и билатералните односи меѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија се одлични, со фокус на продлабочување и зајакнување и на економски план.

Заеднички беше констатирано успешното градење на билатералните односи, како и тоа дека Северна Македонија и Хрватска немаат отворени прашања. По тет а тет средбата, премиерите на двете земји, одржаа билатерална средба заедно со владините делегации.

На средбата, во состав на македонската делегација беа Артан Груби, Прв Заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија,задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, како и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

Во состав на хрватската делегација, присуствуваа Давор Филиповиќ, министер за економија и одржлив развој во Владата на Република Хрватска, Ермина Лекај Прљаскај, пратеничка во хрватскиот Сабор, задолжена за албанското, босанското, црногорското, македонското и словенско малцинство во Република Хрватска, Стрибор Кикерец, директор на Директоратот за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Република Хрватска, како и Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска во државава.

На билатералната средба заеднички беше констатирано дека Република Хрватска, е еден од нашите најсилни поддржувачи на патот кон евроинтеграциите, поддршка која никогаш не губи на интензитет, туку напротив, постојано се засилува.

Двете страни ја истакнаа констатацијата за успешното градење на билатерални односи, како и тоа дека Северна Македонија и Хрватска немаат отворени, нерешени прашања.

Во насока на негување на долгогодишната соработка меѓу двете земји, досега се склучени дури 44 меѓународни билатерални договори и документи, а во фаза на иницијатива се уште петнаесетина.

За одличната билатерална соработка зборуваат и 15 твининг проекти, како и користење на хрватското искуство во пристапните преговори со ЕУ. Премиерот Ковачевски, на средбата истакна дека ќе продолжиме засилено да работиме во насока на продлабочување на односите со Хрватска, проширување на соработката, зацврстување на заемната доверба, разбирањето и добро соседството.

Беше изразена определбата на двете земји во следниот период да се работи на зајакнување на економската соработка.  Вкупната трговска размена меѓу двете земји за 2022 година изнесува 217 милиони евра и има потенцијал за зголемување на истата. Осврнувајќи се на хрватските инвестиции во земјава, премиерот Ковачевски констатираше дека најмногу се застапени во услужниот и прехрамбениот сектор,а додаде дека има простор за зајакнување на взаемната соработка во фармацевтската индустрија, транспортната инфраструктура, градежните компании и туризмот.

Беше констатирано значењето и понатамошното јакнење на економската соработка преку активностите на хрватско-македонскиот бизнис клуб во Загреб, чија основна цел е зголемување на трговската размена меѓу нашите земји.

Потенцирано е дека двете земји, како НАТО сојузници, цврсто се посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорноста кон НАТО и придонесот во меѓународните мировни операции, споделувајќи заеднички ставови во однос на состојбите во регионално и мултилатерално ниво за мир и стабилност на регионот.

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …