Ковачевски: Покачена минимална плата за 100%, поголеми пензии за 10% , тоа се моите политики

Ковачевски: Покачена минимална плата за 100%, поголеми пензии за 10% , тоа се моите политики

Од првиот ден од моето доаѓање во Владата, прво како заменик министер за финансии, а потоа и како премиер, покажав дека моите политики се левичарски и што значи левичар, поголеми плати и пензии, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“ на Телевизија Алсат.

-Минималната плата која беше на ниво од 9.000 денари во време на претходната нелевичарска Влада, ние ја покачивме на 18.000 денари. Значи само од моето доаѓање имаме зголемување од 15.000 на 18.000 денари на минималната плата. Тоа е број еден. Број два се пензиите. Јас сум прв премиер кој ги покачил пензиите за 10 проценти во неизборна година за само неколку месеци, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски додаде дека во текот на оваа календарска година пензиите се покачени за 10 проценти, а во текот на 12 месеци, односно од март оваа година до март идната години, пензионерите ќе добијат 16 проценти покачување на пензиите.

-Вие добро се сеќавате кога пензионерите беа адресирани само пред избори и ќе добијат некое покачување се со цел да се добие нивен глас. Јас кажав не, ќе воведеме нова методологија во која ќе добијат заслужено покачување. Во текот на оваа календарска година за само неколку месеци, пензиите за сите 330 илјади пензионери ги покачивме за 10 проценти а во март наредната година пензионерите ќе добијат 16 проценти поголеми пензии, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

„Да се потсетиме дека неодамна кај нас, исто така, владееше режим чија цел беше да …