(Видео) Ковачевски: Самитот има за цел да го одврати Путин од тоа што го прави во Украина

(Видео) Ковачевски: Самитот има за цел да го одврати Путин од тоа што го прави во Украина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО што денеска се одржува Брисел.

Премиерот Ковачевски, кој на состанокот е заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјавата за медиумите пред почетокот на Самитот, ги соопшти очекувањата од состанокот. 

Во продолжение на ова соопштение, ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во целост:

„Денес сме сведоци пред голем предизвик за Европа и за целиот свет. Бевме убедени дека мирот во Европа никогаш нема да биде прекинат со ваквата агресија на Руската Федерација кон Украина. Тоа претставува невидено кршење суверенитетот и територијалниот интегритет на една независна држава. Ова предизвикува бегалска криза.

Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја дадеме нашата поддршка за народот на Украина. Ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и ги донесовме сите одлуки со земјите членки на НАТО и на ЕУ.

Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што Русија го прави во Украина. Сметаме дека мирното решение е единствениот начин за решавање на ова прашање.

Во насока да им помогнеме на Украинците ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои би побарале засолниште во нашата држава.

На состаноците кои претходеа на овој самит во НАТО беше разговарано за зацврстување на источното крило и тоа секако ќе биде дискутирано и на овој вонреден самит.

Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе понуди соодветна помош на украинскиот народ. Сега е време кога слободниот народ на Украина има потреба од помош од демократскиот свет.“

Прочитајте повеќе

А што ако Бајден навистина се откаже?

А што ако Бајден навистина се откаже?

Се множат знаците дека американскиот претседател Џо Бајден може да се повлече од претседателската трка. …